Инфраструктура

Нивото на инвестиции во инсфраструктурата во Македонија беше ниско 10 год, и Македонија стана инфраструктурно заостаната земја, со рурални средини без основни животни услови, без системи за снабдување со вода, фекални и атмосферски канализации. Патиштата станаа опасни и небезбедни, (дури 39% крајно небезбедни според ЕУ), а со огромно задоцнување, се градат само неколку делници.

Затоа новата Влада ќе се фокусира на изградба на инфраструктура што ќе значи иднина за македонската економија, а ќе ги стопира инвестициите во не продуктивни проекти, како Скопје 2014. Владата ќе ги носи одлуките за големите инвестиици во инфраструктурата транспарентно и низ консултации со граѓаните и релевантните експерти.

Владата како свои цели ги поставува реализацијата на проектите: „Македонија мегалополис“, инфраструктурно поврзување меѓу најголемите центри за не повеќе од 90 минути, „Македонија без црни точки” и „Македонија без кал”.

Владата, во склад со законот од акцизата од горивата, регистрација на возила и наплата на патарини транспарентно ќе ги искористи финансиите за инвестиции и одржување во патната инфраструктура. Владата ќе формира компанија со доминантна државна сопственост (51%) преку која ќе се реализираат инвестициите во инфраструктурни проекти и во обновливи извори на енергија. Почетната големина на компанијата ќе биде 300 милиони евра.

Владата ќе иницира преговори за финансирање на 3 приоритетни инфра-структурни проекти преку иницијативата 16 земји од Европа плус Кина „тешка“ над 10 милијарди долари.

Владата ќе усвои план за инвестиции во патната инфраструктура од 3 милијарди евра во следните 10 години со што ќе го зголеми сегашниот финансиски недостиг за одржување на патиштата. Преку овие инвестиции, Владата ќе обезбеди изградба на 600 километри автопатишта и експресни патишта, 550 километри магистрални и регионални патишта и 1.000 километри локални патишта. Дел од приоритетните правци ќе бидат:

∎ Автопат Скопје – Блаце (граница со Косово)

∎ Реконструкција на регионален пат Драчево – Орешани – Таор и регионален пат Драчево - Јурумлери

∎ Целосна изградба на регионалниот пат R-302 од Кисела Вода до регионалниот пат R-104 кај место Брзовец

Изградба на подземен сообраќаен коридор во центарот на Скопје на потегот Влада – Комплекс банки

∎ Изградба на нова сообраќајница за поврзување на Кисела Вода со Аеродром на потег н. 11-ти октомври – ф-ка Раде Кончар

∎ Изградба на нов пат Сопиште – Усје – бул. „Борис Трајковски“

∎ Реконструкција на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје

∎ Регионален пат Кондово – Радуша

∎ Поврзување на Матка директно со автопат Скопје – Тетово

∎ Коридор 8 - (источен дел) Ранковце – Крива Паланка – Граница со Бугарија (прва фаза експресен пат)

∎ Коридор 10 - Рехабилитација на автопат Миладиновци – Куманово

∎ Изградба на регионален пат Матејче – Липково, Липково – Белановце и Танушевци - Дебелде

∎ Регионален пат Младо Негоричане – Пелинце

∎ Инфраструктурна изградба на индустриска зона Визбегово

∎ Регионалниот пат Куманово – Арачиново (делот Никуштак – Куманово)

∎ Регионален пат Куманово – Свети Николе

∎ Автопат Миладиновци – Штип

∎ Штип – Радовиш (експресен пат)

∎ Штип – Кочани (експресен пат)

∎ Реконструкција и рехабилитација на патот Кочани – Делчево

∎ Кочани – Пробиштип (делница Пониква – Турско Рударе)

∎ Реконструкција и изградба на патниот правец Пекланска река – Бигла (Виница - Делчево)

∎ Реконструкција на регионален пат Велес - Богомила

∎ Реконструкција на регионалниот пат Берово - Струмица

∎ Реконструкција на патниот правец Пробиштип – Крупиште

∎ Реконструкција на регионален пат Берово – Пехчево – Делчево

∎ Регионален пат Делчево – Звегор

∎ Реконструкција на дел од патен правец Берово – Виница

∎ Довршување на изградбата на мостот на реката Брегалница на регионалниот пат Кочани – Зрновци

∎ Финансиска поддршка за изградба на брани на реката Отиња во Штип и за проект за изградба на мост на река Вардар и заобиколница во Велес Експресен пат Градско– Прилеп – Битола –Меџитлија

∎ Физибилити студија за автопат Прилеп – Битола - Меџитлија

∎ Автопат Демир Капија – Смоквица

∎ Рехабилитација на национален пат Струмица – Граница со Бугарија

∎ Проект за автопат Струмица – граница со Бугарија

∎ Рехабилитација на автопат Смоквица – Гевгелија

∎ Рехабилитација на автопат Неготино – Демир Капија

∎ Регионален пат Кавадарци – Росоман

∎ Регионален пат Дедели – Фурка – Богданци – Гевгелија

∎ Реконструкција на регионалниот пат Прилеп – Ношпал – Добрушево – Новаци

∎ Автопат Кичево – Охрид, Требеништа – Струга

∎ Проектирање на делницата Струга-Ќафасан и почеток на изградба

∎ Проектирање на автопат Гостивар – Кичево и почеток на изградба

∎ Реконструкција на делницата Охрид - Ресен

∎ Охрид – Пештани – Св.Наум (Владата ќе изврши промени на постоечкиот проект со цел да се заштити Националниот парк Галичица)

∎ Подобро решение за транзит Кичево (во склоп на автопат Гостивар – Кичево)

∎ Целосна реконструкција на патот с. Подмолје – Струга – Калишта – Радожда (стариот пат кон Охрид – Струга) на постоечката траса и придружната патна инфраструктура (велосипедски и пешачки патеки) за да се обезбеди квалитетен пристап кон туристичките капацитети на крајбрежјето. Притоа, ќе се почитува заштитениот појас на Охридското езеро.

∎ Реконструкција на регионалниот патен правец Битола – Демир Хисар

∎ Реконструкција на регионален пат Крушево – Демир Хисар

∎ Рехабилитација на регионален пат Лажани – Ропотово – Црнилиште,Долнени

∎ Реконструкција и проширување на регионалниот пат Дебар – А4

∎ Преговори околу можно финансирање на изградбата на нов регионален пат Извор – Гарски мост

∎ Завршување на изградба и реконструкција на државен пат Р2235, делница Маврови Анови – с. Маврово (потег од брана Маврово до Белички канал)

∎ Реконструкција на регионален пат Тетово – Попова Шапка

∎ Поврзување на надвозникот на Требош со Коридор VIII

Поаѓајќи од резултатите на физибилити студијата за патот Тетово – Призрен, ќе се разгледаат економски оправдани варијанти

∎ Реконструкција на Регионален пат Р 2242, Јегуновце – Желино

∎ Патни правци Добридол – Гостивар и Гостивар - Сербиново

∎ Поставување на заштитна мрежа од одрони на патен правец Бошков мост – Дебар

∎ Поставување на заштитна жичана мрежа за заштита од одрони на делницата по течението на река Радика

∎ Реконструкција на регионален пат Р 29274, Лешок – (Р 2242) Шемшово

∎ Реконструкција на регионален пат Р 2234, врска со 1203 во Пршовце до врска Р 2242 во Јегуновце

∎ Реконструкција на регионален пат Центар Жупа – Новак

Владата ќе инвестира во проекти за модернизација на патната инфраструктура, зголемување на безбедноста и сообраќајниот проток особено преку рехабилитација и реконструкција на приоритетните црни точки, а намалување на загадувањето како и истражување и санација на свлечиштата, воведување електронски патарини и современа сигнализација и Интелигентен транспортен систем (ИТС).

Владата ќе иницира изработка на проектна документација за определување приоритетни делници и ќе ги реализира рамномерно по плански региони.

Ќе работиме на изградба и рехабилитација на други регионални патни правци кои ќе бидат дополнително утврдени преку програмата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Воедно, ќе го забрзаме отварањето на новите гранични премини до кои веќе се градат или е завршена изградбата на патните правци.

Новата Влада во соработка со локалните самоуправи ќе работи на изградба и рехабилитација на поголем број локални патишта низ Република Македонија. Воедно, ќе се помогна е и изградба на локални патишта и планински велосипедски патеки од интерес за развојот на езерскиот, планинскиот и спортскиот туризам.

Владата ќе инвестира во модернизација во железничката инфраструктура, обновување на возниот парк, и безбедноста, како на пример:

∎ Проект за Приградски патнички сообраќај што ќе се состои од 4 краци во и околу Скопје

• Зелениково – Драчево – Лисиче – Пинтија – 11 Октомври – Скопје Патничка (24 км)

• Миладиновци – Илинден – Маџари – Скопје Патничка (19 км)

• Нова пруга од Миладиновци до Аеродром Петровец (5 км)

• Радуша - Сарај - Ѓорче Петров - Скопје Север - Железара - Пивара - Скопје Патничка

∎ Електрифиција на пругите Скопје – Скопје Север – Ѓорче Петров – Волково – Блаце (граница со Република Косово) и Скопје - Кичево

∎ Довршување на реконструкција на пругата од Куманово до Бељаковце (Коридор 8) и изградба на нова пруга од Бељаковце до Крива Паланка (Коридор 8)

∎ Почетна фаза на изградба на нова пруга од Крива Паланка до Деве Баир (трета фаза на Коридор 8 од Куманово до Република Бугарија)

∎ Изработка на проектна документација за изградба на железницата Кичево – Лин (Република Албанија) и почеток на изградба

∎ Физибилити студија за изградба на железнички крак до Струмица и Република Бугарија

∎ Реконструкција Велес – Битола и довршување на реконструкцијата Битола – Кременица

∎ Изработка на основни проекти и друга потребна техничка документација за изградба и надзор на нова пруга на железнички краци до индустриските зони (крак од железничка станица Миладиновци кон индустриска зона Бунарџик)

∎ Безбедност во сообраќајот: осигурување на патните премини на коридорот 8 и коридор 10

∎ Соларни железнички станици - реконструкција и модернизација на железничките станици на Коридорот 10 и 10д,

Владата ќе изработи нова национална стратегија за долгорочен развој на воздушниот сообраќај, ќе го анализа нивото на реализација од концесискиот договор со аеродромскиот оператори и ќе работи на инвестициски приоритети како брза транспортна врска помеѓу скопскиот и охридскиот аеродром и промоција на Охридскиот аеродром во low-cost аеродром. Ќе се направи анализа на услови за основање на редовен македонски авиопревозник, изградба или адаптација на 7 хелиодроми за медицински, полициски и воени потреби, 4 издвоени водени површини за оперирање на хидроавиони за посебни намени.

Преку отворен дијалог на државните органи со специјализирани институции и експерти ќе се изготви предлог за одржливо субвенционирање на туризмот поврзан со развојот на воздушниот сообраќај и транспорт.

Владата ќе развие транспарентен систем за праведна распределба на ЦЕМТ дозволите, и ќе даде подршка и сигурност на компаниите, нудејќи рамноправни услови за сите учесници. Потенцијалот за развој ќе се стимулира и преку намалување на цената на зелениот картон.

Владата ќе предложи законски мерки и одредби за возобновување на професионалноста и законитоста при просторното, урбаното планирање и геодетската дејност низ транспарентно и хумано планирање на просторот и развојот на градовите.

Владата ќе предложи ревизија и усогласување на законите од областа, мерки и прописи за контрола на објекти, зголемена безбедност и квалитет на градби и задолжителната квадратура со зеленило. Ќе мора да се овозможи реален увид на граѓаните при носењето на урбанистичките планови и да се даде реална можност за нивно влијание врз одлуката за тоа што и како ќе се гради во нивната околина. Законски ќе се регулираат нормативите за урбано зеленило во секоја

градежна парцела за да се овозможат потребите на граѓаните за хумано, здраво и квалитетно живеење. Дополнителни финансиски стимулации ќе се предложат во тарифите на Агенцијата за катастар, во комуналните надоместоци за изградба на паркинг објекти и други јавни објекти од интерес.

Владата ќе работи на рамномерен развој и распределба на средствата во руралните средини и ќе овозможи подобрување на животот и здравје на граѓаните со изградба на канализациони и водоводни системи. Процентот на покриеност со канализација од сегашните 18% ќе достигне 40% и финансиски ќе се помогне.

Владините реформи во комуналниот сектор ќе ја подобрат ефективноста и продуктивноста во услугите според реална цена на чинење. Средства и финансиска стимулација Владата ќе обезбеди од европските фондови и од Буџетот на РМ.

Владата ќе обезбеди мерки за спречување на злоупотреби со социјални станови преку субвенции за изградба (50% од комуналниот надоместок за изградба на индивидуални станбени куќи до 150 м2), субвенции на камата од кредити за купување на стан на млади брачни парови, и субвенции за проектирање и градба на објекти за ранливите групи на граѓани.

Владата ќе ги субвенционира граѓаните при енергетска изолација на објекти, со 20% од вкупната инвестиција. Субвенциите ќе обезбедат до 70% заштеда на енергија, намалени трошоци, намален увоз на струја, а зголемен обем на работа и бројот на вработени во фирмите произведители и изведувачи на овие материјали.

За повеќе информации Ве молиме преземете ја целосната програма на Владата на Република Македонија