Потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Владата, менаџментот и синдикалната организација на Југохром Алзар

Ве известуваме дека утре, на 12 октомври 2017 година (четврток), д-р Кочо Анѓушев , Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања во име на Владата на Република Македонија, г-дин Васко Скендеровски, управителот на Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце и г-дин Бајрам Амити, претседател на синдикалната организација на Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце ќе потпишат Меморандум за разбирање, со цел придонес на изнаоѓање на решение за надминување со состојбата на работењето на друштвото.

 

Настанот ќе започне во 11:00 часот и ќе се одржи во Медиа центарот на Владата на Република Македонија.

 

Покануваме претставници на медиумите да го проследат настанот и обраќањата на потписниците на меморандумот за разбирање.​