Соопштенија

Силни пораки од Трст на светско политичко ниво: Премиерот Заев се сретна и со претставникот на британската премиерка Меј, Борис Џонсон, во Македонија се гледа мотор на регионот кон ЕУ и НАТО

Оценката што ја соопшти министерот за надворешни работи, Џонсон е дека Македонија е конечно на вистинскиот правец и најави дека Велика Британија ќе направи се што може да и помогне на нашата држава за влез во НАТО и во ЕУ. 

Средба на премиерот Заев со канцеларката Меркел: Германија силно ја поддржува новата реформска Влада на Македонија

Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи и да ја осигура евро-атлантската иднина на Македонија, а со тоа и квалитетен живот за граѓаните. 

Прогласена кризна состојба поради напливот на мигранти

Владата на Република Македонија на вчерашната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во регионот на јужната и на северната државна граница поради зголемениот наплив на мигранти, со што согласно правните прописи се отвора можност за соодветен ангажман и на АРМ, информира денеска на прес-конференција портпаролот на МВР Иво Котевски.

Премиерот Заев оствари средба со нерезидентни амбасадори што ја покриваат Република Македонија од Белград: Планот 3-6-9, добрососедската политика на Македонија и градењето политички консензус од интерес на дипломатите

Премиерот Заев на маргините на официјалната посета на Република Србија оствари средба со нерезидентни амбасадори што ја покриваат Република Македонија од Белград.

Премиерот Заев се сретна со претставници на Националниот совет на македонските национални заедници во Србија: Предадени книги за учениците што го изучуваат предметот „Македонски јазик со елементи на националната култура“

На барање на Македонскиот Национален Совет на македонските национални заедници (НСМНЗ) во Република Србија, Владата на Република Македонија обезбеди книги и литература на македонски јазик за учениците од основните училишта во Република Србија.

Премиерот Заев оствари средба со Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ: Македонија и Србија имаат заеднички интереси за кои се најавени повеќе иницијативи што ќе ја продлабочат соработката и пријателството

Премиерот Зоран Заев, во рамките на официјалната посета на владината делегација на Република Србија се сретна и со претседателот на државата, Александар Вучиќ.

Премиерот Заев и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, на заедничка прес-конференција: Имаме многу точки на поврзување како големо богатство, како и за реализација на нови заеднички интереси

Заедничка прес-конференција на Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и Претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ.

Премиерот Заев и делегација на Владата на Република Македонија ја отпочнаа официјалната посета на Република Србија: Пријателските односи меѓу двете земји се богатство и потенцијал за продлабочување на соработката и во многу други области

Претседателот на Владата на Република Македонија денеска ја отпочна официјалната посета на Република Србија, во придружба на владина делегација.

Средба на Премиерот Зоран Заев со Претседателот на Република Албанија, Илир Мета: Нашите две земји имаат слични предизвици, да работиме на унапредувањето на заедничките интереси во областа на економијата, развојот на инфраструктурата и енергетиката

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со делегација на Република Албанија, предводена од Претседателот на државата Илир Мета, кој се наоѓа во дводневна посета на Македонија.

Средба на премиерот Заев со еврокомесарот Хан: Македонија оди во добра насока, позитивен извештај и почеток на преговорите со ЕУ се реални перспективи, сите да ја одиграат својата улога

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со комесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.

Pages